Skip to main content

Наскоро ќе се обележат уличните хидранти во Охрид.

Наскоро ќе се обележат уличните хидранти во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Во стариот дел од градот има мрежа од улични подземни и надземни хидранти. Она што недостасува за брза и непречена интервенција при гасењето пожари е тие да бидат означени, укажуваат од ТППЕ Охрид.


„Да се придржуваат граѓаните да не паркираат над хидрантската мрежа. Треба Проаква или Нискоградба да ги означат тие места за возачите да не ги паркираат возилата и да не се употребува просторот за паркинг“, вели Горан Маркоски заменик командир на охридската против пожарна единица.

Сашо Сотироски технички раководител од МЈП „Проаква“, најавува дека во месец мај и јуни се планирани зафати за обележување на хидрантската инасталација во централното градско подрчје и во Варош. Најголем проблем имаме со подземните хидранти сместени во водоводните шахти. Заштитното поле ќе се направи со обележување со црвени линии, а на неколку улици и локации ќе се постават и нови“, информира Сотироски.

„Станува збор за улиците Аргир Маринче, Рашанец, Лабино, Канео, каде што нема хидроводоводна инсталација. По законот, барем на 50 цм треба да се изведат хидрантски мрежи и прстени кои би ни служеле во случај на гасење пожари во тие населени места, а во кои нема изведено водоводна инсталација“, кажува Сотироски.

При поставувањето на хидрантска мрежа потешкотии се очекуваат при инсталацијата кај Лабино, додека на наведните улици се очекува да помине без проблеми. Во моментов во центарот и стар град има околу 70 улични подземни и надземни хидранти.