Skip to main content

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

Наскоро во Охрид ќе се одржи меѓународниот отворен Теквондо турнир, „Охрид ОПЕН 2012“. Организаторите најавуваат вистинско спортско доживување.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата.

Sasa Poposki„Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели Попоски.

Турнирот ќе се одржи од 20 до 22 април во спортската сала „Атина Бојаџи“ во Охрид, а повод се дваесетте години постоење на, Интенациналната Taekwon-Do Федерација на Република Македонија. Станува збор за спортски настан чија организација не е воопшто лесна, потребни се многу труд и секако, потребни се средства, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на организациониот Комитет. Бенефитот за оние кои ќе учествуваат и победат на турнирот ќе биде голем.

MArjanco Lazareski„Тие што ќе освојат на нашиов турнир некое од првите три места, ќе бидат заведени во светската организација во Австрија, нашиот турнир е влезен во светскиот годишен календар, што е многу тешко бидејќи многу земј посакуваат нивните натпревари да се најдат во светскиот годишен календар“ објаснува Лазарески.

Најголемиот дел од трошоците за организирање на овој настан, се покриени од страна на Општина Охрид. За жал, сеуште интересот на бизнис секторот од регионов за подршка на спортски настани од ваков калибар е премногу мал. А мал е интересот и кај младите за занимавање со било кој спорт, вели Лазаревски.

„Претежно сите се спортисти на Фејсбук и на Јутјуб, сега е многу тешко за спортските активности, ние функционираме 20 години, сме имале и по 120 членови во клуб, и имаме постигнато доста меѓународни успеси“ додава тој.

Арбитри на борбите ќе бидат 25 меѓународни судии, од кои само еден е од нашава земја. На ова престижно натпреварување се очекуваат врвни спортисти од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Унгарија, Романија, а се најавува и учеството на петкратниот светски првак, кој е по потекло од русија. Своето учество го најавија и многу земји надвор од Европа како Гана, Непал, Малезија, Алжир, Сенегал, Нигерија, Пакистан и др.

{loadposition content9}