Skip to main content

Наскоро почеток на францускиот филмски фестивал

Многу најави и ветувања за квалитетот на вториот фестивал на францускиот филм.

 |  Татјана Маленкова  | 
табла
tabla
Многу најави и ветувања за квалитетот на вториот фестивал на францускиот филм.

„И годинава на него ќе ги откриеме најновите стварувања на врвните имиња на француската и свeтската кинематографија“, рече амбасадорот на Унеско Јордан Плевнеш.

Овој фестивал многу значи и за Охрид и за Македонија, рече градоначалникот Александар Петрески.

„Охрид е една спектакуларна кинематографија каде сакам да снимам еден од моите идни филмови“, со овој цитат од Клод Азневур, пред новинарите се обрати абасадорот во Унеско  Јордан Плевнеш.

otvaranje„ Со второто издание на францускиот фестивал, ќе ги откриеме најновите стварувања на врвните имиња на француската и свeтската кинематографија“, додаде Плевнеш.

Францускиот филмски фестивал, дава голем придонес во презентирањето на нашата држава. Убеден сум дека овој фестивал ќе остави видна трага во развојот на Охрид и Македонија, истакна Градоначалникот Александар Петрески.

Почесен гостин на фестивалот ќе биде ШАРЛ ЛА ВУР, кој во Охрид доаѓа на покана од министертот за култура на Р Македонија, Елизабета Камчевска Милеска. Ла вур ќе биде во Охрид за затварањето на фестивалот.   
Инаку На Францускиот филмски фестивал ќе бидат прикажани 10 филмови кои ќе ги отценува стручна жири комисија , составена од  видни личности од областа на филмот и филмската критика.  Овие професиналци ќе ги доделат  и петте награди на фестивалот. Радува фактот што има најава и за организирање на фестивал на Македонски филм во Франција, кој би се одржувал еднаш годишно. На овој начин ќе се презентираат остварувањата на Македонската кинематографија од изминативе децении но и новите филмови.

 

{loadposition content9}