Skip to main content

Повеќе настани одбележани во еден ден

Борците од охридско-струшкиот и регионот на општина Дебрца, денес одбележуваа повеќе значајни настани поврзани со НОБ. Централен настан е денешниот ден 6 ти септември, кога пред 68 години е формирана шестата бригада.

 |  Николоска Биљана  | 
borci
борци

Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. borci1Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви.

„Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред се затоа што овие значајни денови од поблиското минато на нашиот народ се врзани за НОБ, еден дел од нашата историја кој не само што донесе жртви туку донесе пустош во државата и тие денови не сакаме да се заборават“-истакна Стефаноски

Историски час пред присутните борци и поддржувачи по повод денот, одржа претседателот на Сојузот на борците Гоце Георгиески. Тој кажа неколку збора за формирањето на охридско- струшката бригада во селото Велмеј.
 
borci

„Таа е формирана во дворот на училиштето во Велмеј. Командант на бригадата беше Стево Врбица, негов заменик беше нашиот Цветко Попоски артилерецот, сите го знаеме“-потсети Георгиески

Борците упатија порака до надлежните институции, како и до денешните политичари, да изнајдат решение за овој хаос во политиката и да го спречат национализмот кој се повеќе се шири. Тие се загрижни поради ваквата состојба бидејќи во нивните редови има борци, поддржувачи и симапатизери, македонци, албанци турци, власи роми и досега претставувале пример за  заедништво, пример, кој треба да го следат и политичарите.

{loadposition content9}