Skip to main content

Наставниците разменуваат нови техники за да ги подобрат слабостите кај учениците

Наставниците разменуваат нови техники за да ги подобрат слабостите  кај  учениците.

 |  Валентина Неловска  | 

Основците се повеќе имаат проблеми со препознавање на буквите, писмениот текст, раскажувањето и разбирањето на текстот, читањето на лектири, математиката, напоменува  Фахие Реџеп одделенски наставник на турски јазик во ОУ Братство Единство. Во ова основно училиште Реџеп е координатор на проектот „Со читање до лидерство “ во рамките на фондацијата „Чекор по чекор“. За надминување на ваквата состојба таа укажува дека се наметнува потребата наставниците да се стекнуваат со нови техники. Во таа насока ОУ „Братство Единство“ беше домаќин на  наставници од три основни училишта од Ресен, Вевчани и Новаци.

„ Денешениот мрежен настан е дел од проектот  на територија на Македонија. Има за цел да се разменат искуства што сме направиле и какви техники сме примениле.И ние нешто да научиме и  корисно, да размениме искуства и идеи со што би допринеле до подобрување на работата и со проектот и со нашата целокупна работа“, кажа Реџеп.     

 

Со проектот се разменуваат искуства и креативност меѓу  наставниците од учеството на  вакви мрежни настани. Децата во ерата на компјутерите имаат големи придобивки , но се детектираат и низа проблеми, напоменува училишниот психолог Стојна Танос.
 
„ Ние како стручна служба во соработка со наставниците при запишување во одделенска настава  забаележуваме дека новото време има бенфиции но и од друга страна треба да се обрне внимание на децата. Тие имаат проблем во меѓусебната комуникација, развивање на графомоторните способности и развивањето на реченичниот фонд на изразување “, наведува Танос.

Основците  имаат проблем не само во мајчиниот јазик  туку и во математиката и во правилното држење на телото. Наставниците со примена на нови техники треба да им се приближат до нивната возраст и да им помогнат во мотивацијата за полесно да се совладаат училишните содржини и при тоа учениците да немаат одбојност кон училиштето.