Skip to main content

Образование

Учителите заслужуваат повисок статус во општеството

Професорите од општинските училишта и воспитувачите од детските градинки стапија во штрајк. Нема пријави за притисоци врз штрајкувачите, а исклучок од протестот се наставниот и воспитниот кадар кои не се членови на СОНК. Штрајкувачите испратија порака до владата сериозно да се сфати улогата на учителот за подобар општествен статус во системот.
 |  Валентина Неловска  | 
sonk

Охридските наставници од основните и средните училишта и воспитувачите од детските градинки стапија во генерален штрајк. Советот на СОНК донесе одлука за барање за зголемување на нивните плати за 18,4 проценти колку што се зголеми минималната плата, изедначување на платата по коефициентите и исплата на колективниот договор до јануари 2024 година според коефициентот во образованието. Катерина Крстеска, претседател на основната организација на СОНК – Охрид, изјави дека во штрајк се сите просвени работници од основните и средните училишта, а во градинките околу 70 одсто од вработените воспитувачи и негуватели. Крстеска, информира дека нема притисоци врз штрајкувачите, а не им се приклучиле во протестот само колегите кои не се членови на СОНК.

Тие не се со решен статус . Останати се во училишата околу 10 посто кои не го поддржуваат штрајкот, освен техничкиот персонал, а во градинките оние кои работат со нерешен статус. Тие немаат основ да штрајкуваат бидејќи се со договор на дело и не постоеше основ да се приклучат. Дел бараа да се приклучат, но после штрајкот може да им се прекине договорот за работа и не сакавме да ги доведеме во несакана ситуација“-кажа Крстеска.

Димче Донески, претседател на ОО на СОНК,во ОУ Ванчо Николески од с.Лескоец, информира дека нивното централно и поддрачните училишта утрово стапиле во штрајк. Наставниците биле на работа, а децата не дошле во училиште. Донески изрази благодарност до родителите од кои добиле поддршка за штрајкот, разбирајќи ја сериозноста на ситуцијата во која се наоѓаат наставниците.

„Учителот треба да заслужи повисоко место во опшеството. Сериозно треба да се земе во предвид општествената состојба и на кое дереџе е доведен учителот. Владата час поскоро да го одврзе кесето, како што порача и нашиот претседател на СОНК Неделкоски, да направи од учителот поголем мотиватор на децата во основните и средните училишта“-рече Донески.

Штрајкот на СОНК има поддршка и од синдикатите од високо образовните институции и културата. Прекин во наставата и во згрижувањето во градинките ќе има се додека Владата не ги прифати барањата на СОНК. Просветните работници напоменуваат дека од 2017 година до денес, покачувањето на минималната плата во училиштата и градинките е 20 посто за разлика од другите дејности каде што покачувањето е 78 посто.