Настрада велосипедист кај Подмоље
Денес околу 12 часот и 30 минути, на стариот пат Охрид – Струга во непосредна близина на постојката кај селото Подмоље, настрада велосипедист.
Денес околу 12 часот и 30 минути, на стариот пат Охрид – Струга во непосредна близина на постојката кај селото Подмоље, настрада велосипедист.
Како што дознава ТВМ во велосипедистот удрило возило марка Форд. Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Од она што од него успеавме да добиеме како информација, станува збор за лице на возраст од 50 до 55 години и дека истото се здобило со тешки телесни повреди.
Според Димоски повредениот итно бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо – Охрид. Од СВР Охрид работат на утврдување на причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.
{loadposition content9}