Skip to main content

10 години НАТГ „Аматер“

НАТГ „Аматер“ одбележува јубилеј со „Чернодрински се враќа дома“

НАТГ „Аматер“ ве поканува на премиерата на „ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“ по текст на Горан Стефановски, по повод 10 години од постоењето на театарскатa група.
 |  инфодеск  | 
Претстава

Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид одбележува 10 години постоење. По повод годишнината премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ на текст на Горан Стефановски.
Премиерата е закажана за 26.04.2023 (среда), со почеток од 20:00ч, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
Режијата е на Јован Цветкоски, а улогите ги играат Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски, Ема Алекс. Светло мајстор е Борис Велјаноски, музика Јане Тодороски, Христијан Томевски, Никола Јосифоски, Арбен Бајрам.

НАТГ „Аматер“ ја одигра „Сите мои синови“ од Артур Милер на 26.04.2013 и тоа беше нивната прва претстава. Во изминативе 10 години зад себе има неколку претстави: „Сите мои синови“ од Артур Милер, „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, „Охридската робинка Ташула“ по текст на Миле Волканоски, „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, „Ти во седум бои“ ( мултимедијален проект по адаптирано сценарио на Јован Цветкоски), адаптација на „Белградска Трилогија“ од Билјана Србљановиќ – „Се’ до полноќ“.

Билетите за премиерата на „Чернодрински се враќа дома“ се ограничени и можете да ги резервирате на тел.број: 078/413-946, или на билетарата на НУЦК Григор Прличев пред почетокот на преставата доколку не се продадени. Цена на билет: 200 денари.