Skip to main content

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Наум Смилевски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освои прво место на Државниот натпревар на млади истражувачи

Наум Смилевски од од I-4 го освои првото место на Државниот натпревар на млади истражувачи, во категоријата aвтоматика и роботика.
 |  инфодеск  | 

Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го освои првото место на државниот натпревар на млади истражувачи во категоријата aвтоматика и роботика, кој во организација на „Народна техника на Македонија“ се одржа саботата во ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

– На 62. Државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија, ученикот од I-4 одделение Наум Смилевски, во категоријата aвтоматика и роботика го освои првото место. Самостојно изработи производен процес со подвижна основа и CNC машина за пишување и механизам за машинско сечење на цртаниот дел. Дел од употребените елементи и делови се од хардверски делови од компјутери и печатачи, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид.