ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид
Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид освои прво место на Државниот натпревар за млади истражувачи
Минатиот викенд во Пехчево се одржа шеесетиот државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија.
Минатиот викенд во Пехчево се одржа шеесетиот државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија.
Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место во областа ,,Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи. CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер.
Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање метал, информираат од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид.