Skip to main content

Навреме завршени проектите финансирани од средства за регионален рамномерен развој

Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, ценатрот за југопзедн плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца  ги посетија завршените објекти финансирани од средства за регионален рамномерен развој. Во југозападниот плански регион до ноември завршени сите проекти. Се подоготвуваат нови проекти за следната година за кои владата издвои 50 посто средства повеќе од претходната година.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид и Дебрца се навреме завршени сите проекти за кои беа обезбедени средства од Југозападниот плански регион и општините. Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој заедно со претставници од центарот за југозападен плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца га ги посетија детската градинка Развигорче на која беше реконструиран кровот, изградената пешачка патека кај Саат кулата и реконструираната училишна зграда во Волино. Сухеил Фазлиу, Министерот за локална самоуправа , изрази задоволство од реализираните проекти и ги најави плановите каде што ќе бидат вклучени сите министерства за подобрување на регионалниот рамномерен  развој во државата во иднина.

„Министерството за локална самоуправа планира во 2019 да направи евалуација на Законот за регионален рамномерен развој да се види колку законот ја има постигнато целта за регионален рамномерен развој во држвата. На почетокот на годината ќе почнеме со активности за до крај на годината да донесеме Стратегија за 10 години за регионален рамномерен развој“, истакна министерот  Фазлиу.

Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за југозападен плански регион истакна дека во 2018 година се реализирани проекти со вкупна вредност од 27 милиони денари, од кои 26 милиони денари се од програмата за рамномерен регионален развој и 1 милион денари од општините партнери на проектите. Парите се инвестирани во изготвување на техничка документација и реконструкција на патна инфраструктура во должина од 18,2 км, изведба на енергетска ефикасност на објекти во неколку општини од регионот. Проектите се подоготвуваат и за 2019 година, а потребите на граѓаните се слични како и во претходната година, напоменува Лозаноска.

„ Отприлика се исти, само се различни локациите. Изведба на енергетска ефикасност на објектите, техничка документација за патна инфраструктура и изведување и реконструкција на патна инфраструктура. Потребите се исти. Кај нас се завршени техничките  документации  за да се аплицира“, истакна Лозаноска.

Градоначалниците, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески од општините Охрид и Дебрца,  се задоволни од реализираните проекти кои се од големо значење за граѓаните и од финансиската поддршка на Бирото за рамномерен регионален развој. Истовремено ги најавуваат проектите за следната година .


„ Приоритетите на граѓните се исти , енергетска ефикасност на училиштата и градинките, изградба на улици и локални патишта. Тоа се во најголем дел најбитните и најитните проблеми на граѓаните, а кои ЛС треба да ги решава “ ,кажа Стојаноски.

„Во општина Дебрца се реконструира старата училишна зграда од 1939 година и се пренамена во Центар на локалната заедница, а беа финансирани изготвување на техничка документација за регионални патишта и 2 патни правци за регионално поврзување со Струга. И за 2019 година имаме подготвено повеќе проекти со кои ќе аплицираме за Програмата за регионален рамномерен развој“, кажува Ногачески.

Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален рамномерн развој најавува дека до 15 декеври е рокот за доставување на новите проекти за финансирање во 2019 година, но и искористување на непотрошените средства.

„ Ги повикуваме градоначалниците да аплицираат проекти на јавниот повик за 30 посто од средствата кои остануваат . Со законот 70 посто од средствата доделени од министерството и Владата на РМ одат за планските региони, а 30 посто одат за 2 – те мерки за села и специфични подрачја“, истакна Реџепи.

Министерството за локална самоуправа за рамномерен регионален развој во 2019 година за југозападниот плански регион има планирано 39 минилион денари или 50 посто повеќе од 2018 година.