Нуркачки центар Амфора реализираше акција за чистење на дното на езерото од Сараиште до Пристаниште
Со оваа акција НЦ Амфора го најавува проектот “ОХРИД ЕКО 2026” кој по 5ти пат ќе се одржи во месец мај, а кој претставува меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад .
DCIM100GOPROGOPR5987.JPG
НЦ Амфора успешно реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро, на потегот од Сараиште до Пристаниште.

Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро, велат од нуркачкиот центар.




Акцијата е поддржана од Општина Охрид.
Со оваа акција НЦ Амфора го најавува проектот “ОХРИД ЕКО 2026” кој по 5ти пат ќе се одржи во месец мај, а кој претставува меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад во кој покрај домашните ќе бидат вклучени нуркачи од целиот регион.
Да оставиме чисто езеро за идните генерации, порачуваат од Амфора.

