УХМР
Не очекува претежно сончево време
Максималната дневна температура во Охрид ќе се искачи до 19 степени.
Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура до 6 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 19 степени.