Skip to main content

Не остана ништо од детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

Децата од населбата Гоце Делчев не можат да играат во детското игралиште во нивната маала. Истото повторно е руинирано. Не само што се искршени детските реквизити, туку дел од нив претставуваат и опасност по безбедноста на децата.

 |  Николоска Биљана  | 

Не остана ништо од детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Очигледно ова игралиште ја има изгубено својата намена. Искршени клупи, детските реквизити не само што се половични туку дел од нив се и опасни бидејќи на нив се останати острите рабови од металните шипки. Нема и по цели дрвени штици од платформата каде што вообичаено децата се качуваат за да се пуштат по лизгалката. За жал таква е сликата која што денес ја регистрира нашата камера на ова место.

За сите објекти од јавен интерес плаќаме ние граѓаните од сопствен џеб. Ќе проработи ли конечно јавната свест и ќе престане ли да се уништува се она што е добро во градов

Жителите не сакаа да коментираат пред нашата камера. Кажаа дека ова место посебно после полноќ е собиралиште на вандали кои што не само што демолираат туку креваат и голема галама и од нив не може да се спие. Тие од надлежните бараат да преземат мерки и да го решат овој проблем. Само да се потсетиме како ова детско катче изгледаше пред 5 години кога беше и пуштено во употреба. Од тогаш па се до денес сведоци сме дека локалната власт во неколку наврати го реновираше ова игралиште. Мета на несовесните граѓани не е само детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“, туку и останатите детски игралишта во градов. А во неколку наврати вандали ја уништија и недоизградената патека од мостот кај каналот Студенчишта до Горица 1.