Не работат семафорите во близина на крстосницата кај ОУ Христо Узунов
Од одделението за сообраќај и улици информираат дека станува збор за сериозен дефект на сообраќајната сигнализација. Од полицијата уверуваат дека во фрекфентните периоди од денот има физичко присуство на полициски службеници.
Вертикалната сообраќајна сигнализација на крстосницатата кај ОУ Христо Узунов подолго време е неисправна. Тоа ги загрижува родителите и жителите од тој дел на населбата пред се заради безбедноста на основците и пешаците. Станува збор за сериозен дефект врз оштетена инсталација, информираат од Општина Охрид.
„Во моментов не функционираат семафорите. Но, еве апел до учесниците во сообраќајот да бидат повнимателни на тој потег. За наредната година се предвидува да проработат.Станува збор за голем зафат, потребно е дсе да сече асфалтот за да се среди инсталацијата “, напоменува Томе Џамтоски, општиснкиот портпарол.
Од полицијата уверуваат дека во фрекфентните периоди од денот има физичко присуство на полициски службеници на оваа крстосница.
„Безбедноста во сообраќајот, а посебно околу училишните центри е еден од приоритетите на СВР Охрид. Во таа насока, униформирани полициски службеници секое утро кога почнуваат часовите и во меѓусмена, се наоѓаат на сообраќајниците и вршат пред се превентивно делување, со цел, достигнување повисок степен на сообраќајна безбедност. СВР Охрид спроведува едукативни сообраќајни кампањи, но и ги казнува несовесните возачи кои ги кршат сообраќајните правила и прописи“, стои во писменото сосопштение на Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
И од одделението за патишта и улици повикуваат на поголема внимателност на учесниците во сообраќајот на овој потег на крстосницата иако укажуваат дека има поставено заштитна ограда од двете страни на крстосницата, има обележени пешачки премини и трептечки семафори со жолта боја.