Skip to main content

Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница

Не работи компјутерскиот томограф во општа болница Охрид. Причина за тоа е откажување на рентгенската цевка поради нејзина дотраеност. Директорката Славица Малеска Стојадиновиќ, вели дека преземени биле сите неопходни мерки, за овој значаен дијагностички апарат повторно да биде ставен во функција.

 |  Николоска Биљана  | 

Откажа еден од главните делови од компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Првиот човек на оваа установа Мр Славица Малеска Стојадиновиќ појаснува дека станува збор за откажување на рентгенската цевка, за што тие веднаш презеле соодветни мерки. Контактиран бил генералниот застапник за Македонија, фирмата Нет Електроник од Скопје, со цел да добијат стручно мислење за настанатиот проблем.

Кога дојдоа од Нет Елктроник направија записник во кој се констатира дефект. Јас би цитирала дел од тоа: „Дотраеноста, односно максималната искористеност на рентгенската цевка со снимање на 22 000 пациенти е причина за нејзиното расипување, за што од наша страна бевте информирани неколку пати во последните години при секоја интервенција на апаратот, да се очекува нејзино откажување поради дотраеност, односно искористување од снимање“.

Апаратот ќе проработи само доколку се промени рентгенската цевка, вели директорката Стојадиновиќ. Додава дека за тоа потребни биле средства во висина од 6 милиони денари, кои пак средства, за жал, од претходното раководство воопшто не биле планирани во годинешниот буџет на болницата како ставка за јавна набавка.

Ние сега имаме превземено неколку чекори, се обративме до државната комисија за спречувањена корупција за добивањее одобрение од нив, а исто така се обративме до советот за јавни набавки за добивање на согласност. Така да по добивање на одобрението, согласноста и обезбедувањето на средства, бидејќи сепак се работи за голема ставка очекуваме да отпочне процесот за да се обнови цефката и повторно да имаме компјутерски томограф и да продолжиме да работиме како до сега

Црвената светилка за замена на цевката светнала уште кога апаратот достигнал 14 000 прегледи, но за жал не биле преземени соодветни мерки од страна претходното раководство на болницата. Директорката Стојадиновиќ кажа дека докторите кои работеле со апаратот внимателно ракувале со него и благодарение на тоа се пролонгирала неговата истрајност. Поради ургентноста за решавање на проблемот од кој најмногу се засегнати пациентите не само од Охрид туку и од регионот, Стојадиновиќ во најскоро време чека прием кај министерот за здравство со цел да му го образложи проблемот и очекува дека ќе наиде на разбирање кај ресорниот министер. Инаку Стојадиновиќ стануваќи вршител на должност директор на Општа болница Охрид доби на менаџирање здравствена установа со минусно салдо и блокирана сметка. Вели дека нејзин приоритет ќе биде да се издигне на повисоко ниво целокупното работење и реномето на болницата.