Skip to main content

Не се исполнија најавите дека летово на охридската ривира ќе работат над 500 увезени работници

Според ХОТАМ на стартот на туристичката сезона ги има само стотина. Мал дел кои пристигнаа, ја напуштија државата. Оние кои што се во Охрид задоволни се од условите, но не планираат долгорочно да останат во земјава.
 |  инфодеск  | 
ugostitelstvo

Иако се очекуваа над 500 увезени работници ова лето да се вклучат во хотелско угостителскиот сектор на брегот на Охридското Езеро, на  стартот на туристичката сезона ги има  само стотина од Филипини, Индија и Непал. Мал дел кои пристигнаа со договори  за работа, ја напуштија земјава. Имаше неколку пријави во полиција од работодавачите за исчезнати работници.

Оние кои што се во Охрид  задоволни се од условите, но не планираат  долгорочно да работат во земјава. Сакаат повисоки плати и подобра заработка.

„Планирам да се вратам во Србија. По завршувањето на мојот договор во ноември. Разделбата со семејството ми паѓа тешко, но си ветив дека ова е жртва за нив, морам да работам за нивната иднина. Платана е речиси иста, но со парите месечно ќе треба да се издвои за превоз за кирија тоа е она што овде не го плаќаме го добиваме бесплатно  “ , вели Џефри Пири готвач од Филипини.

Голем дел од хотелиерите започнаа, но се откажаа од сложените и скапи процедури за увоз на вработени,  но и поради несигурноста од напуштање на земјава. Од ХОТАМ велат недостигот на кадар се надополнува со  младите ученици, студенти и практиканти.

„Последниве години може да се пофалиме дека кај младите има голем инетрес за работа доаѓаат на 15-16 години работата ја сфаќаат сериозно било да се на испомош на шанк, на издавање лежалки во ресторан и слично”, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Минатиот месец, две увезени работнички во угостителски објект  од Непал  избегаа од Охрид, дел од работниците ја користат земјава како попатна станица за заминување во Европа.

Новинар Соња Рилковска