Skip to main content

Не се усвои урбанистичка планска документација за изградба на бетонски бази

За советниците не беше прифатлива предложената локација во близина на  Мауцкер на  6 хектари. Во  моментов на повеќе локации во близина на населени места работат шест бази од кои само две со дозвола и инегрирана Б еколошка дозвола. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид не доби локација каде што ќе се дислоцираат бетонските бази од населените места. Пропадна предложената локација во близина на Мауцкер , во КО Долно Лакочереј на 6 хектари. Ова го одлучија повеќето советници иако досега градот немаше локација. Раководителот на секторот за урбанизам образложи зошто ја избрале таа локација според која согласно Законот за просторно урбанистичко планирање требаше советниците да дадат зелено светло за локална урбанистичка планска документација каде што ќе се градат бетонските бази.

„Ние сметавме дека најсоодветно место да се дислоцираат сите овие бази е таму . Ќе имаат пристап од кај Мауцкер , од една страна од кај надвозникот на автопатот и ќе има врска со градот. Од тој апект ги зедовме и сите други параметри во тек на носењето на ЛУПД. Кој е во согласност со Правилниците за ЛПД и е намената на објектите во тешка индистрија според кои бетонските бази влегуваат во градежната индустрија и име дадено намена Г1. “

Од одлуката се оградија советниците од опозицијата со забелешки дека оваа локација е во близина на селото Орман во воздушна линија од 500 метри. Не дадоа поддршка иако ја поздравија одлуката градот да има законски утврдена локација и за стопанствениците да имаат можност за обавување ваква дејност.

Советничката Горадан Коњаноска од редовите на Вмро Дпмне стави забелешка. Заради чувстителноста на дејноста како што се бетонските бази тие нема да преземат одговорност и да донесат одлука на таа локација да се градат бетонски бази. Според неа испуштена е можноста да се понуди Програма за носење на урбанстички планови каде што ќе граѓаните ќе имаа увид за локацијата и да го кажат своето мислење.

Во моментов, во повеќе населени места во градот работат 6 бетонски бази. Од нив само две бази на Трудбеник и Лавче се изградени според техничка документација и имаат еколошка Б интегрирани дозвола. Останатите четири бетонски бази кај касарната, Монтер кај Гробишта, поранешен Трудбеник кај Сушица и новата кво близина на Извиднички центар , работат без еколошки дозволи и техничка документација, информира Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам.