©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Нецелосна фасада- спротивно од прописите

Одделни згради во Охрид отстапуваат од Правилникот за проектирање на објекти. Со години се без комплентна фасада.

 |  Тања Кувенџиска  | 
zgrada
зграда
Одделни згради во Охрид отстапуваат од Правилникот за проектирање на објекти. Со години се без комплентна фасада.

Низ охридските улици може да се забележат згради без целосно завршена фасада. Тоа пак се коси со Правилникот за проектирање на објекти. Имено, во член 141 од правилникот стои дека : при проектирање на објекти со калкански, задолжително е завршно изведување на калканот. Со тоа фасадата би била комплетирана. Во правилникот јасно стои дека во централното градско подрачје и во делови со концентрирани јавни објекти, калканските ѕидови мора да се обработуваат со графички или орнамент дизајн, според доставен проект.

celosna fasadaСе поставува прашањето, како тогаш ваквите згради добиле дозвола за употреба од страна на Секторот за урбанизам. За да се добие ваквата дозвола, најпрво потребно е надзорниот орган врз изведувањето на градежните зафати, по нивното завршување да направи технички прием на објектот по што се составува записник. Ваквиот документ со кој се потврдува дека објектот е во целост завршен се испраќа до Секторотза урбанизам, кој потоа ја издава Дозволата за употреба.
При тоа, чести се примерите кога на вакви нефасадирани ѕидови, кои се спротивни на Правилникот за проектирање, се поставуваат рекламни паноа. Ако се знае дека за нивно поставување неопходно е одобрение од станарите, но и Секторот за урбанизам, тоа значи дека и тие биле нелегално поставени. Ако основата, односно изгледот на страничниот ѕид на објектот се коси со законските прописи, тогаш логично е дека и поставеното рекламно пано не е во согласност со нив.   

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top