Skip to main content

Нечесни сценариа, ВМРО ДПМНЕ обвинува

Од говорницата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, денес беа упатени голем број обвинувања кон Градоначалникот Александар Петрески и СДСМ. Како што тврдат од ВМРО ДПМНЕ тие биле креатори на нечесни сценариа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vmro dpmne
вмро дпмне

 

СДСМ и Градоначалникот Александар Петрески денес изведоа најгнасно и нечесно сценарио  со кое сакаат да го уништат Охрид, обвинија од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму тврдат дека пред денешната седница на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување иvmro dpmne партиски наредби Петрески и Сдсм донеле голем број  сограѓани како би им го штителе нивниот грб. Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ вели дека целта на Петрески и СДСМ е да создадат насилство и хаос па дури и човечки жртви.

Михаилов потенцираше дека најмалку од се ќе дозволат сценаријата на СДСМ да се спроведат во Охрид. Поради тоа советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата  ја напушти седницата, рече претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Михаилов рече дека тие со сите сили ќе се трудат да го зачуваат достоинството на Охрид како туристички центар и симбол на гостопримството.

{loadposition content9}