Неданоска: Нашата визија е рамномерен развој на сите делови од Охрид, а не само центарот
Кандидатката за советничка од СДСМ и Коалицијата, Лидија Неданоска, денеска на прес конференција најави планови и проекти за месните заедници „Железничка “, „Лескајца “ и населбата „Радојца Новичиќ“. Неданоска потенцира дека нивната визија е рамномерен развој на
сите делови од Охрид, а не само центарот на градот.
-На улица Железничка ќе се опфатат следниве инфраструктурни решенија : санирање и реконструкција на детското игралиште на ул. Крали Марко, асфалтирање и реконструкција на ул. Тетовска (од ул. Охридска бригада до ул. Абас Емин), комплетна реконструкција на ул. Будва, Прилепска, Винковачка, изнаоѓање на решение за дислокација на претоварна станица на Нискоградба и изнаоѓање на соодветно сообраќајно решение (пр. Кружен тек) за крстосницата кај самопослуга “Стрикан”, наброја Неданоска.
Во месната заедница Лескајца ќе се ќе се изврши реконструкција на ул. Дејан Војвода и Стив Наумов, додаде Неданоска. А за населбата Радојца Новичиќ упати критика дека иако поатрактивна за живеење меѓу охриѓани, истата е целосно запоставена цели четири години од локалната власт.
–Ние како идна локална власт се обврзуваме да реализираме: асфалтирање на улицата на потегот од Еко Шпар, низ полето, до Лескоец, комплетна реконструкција на ул. Петрино, поставување на современи автобуски постојки од ул.Радојца Новичиќ до ул.Кленоец и изнаоѓање на решение за изградба на детска градинка во оваа населба. Со овие проекти сакаме да обезбедиме достоинствен живот за сите жители на овие населби. Веруваме дека со вредна и транспарента работа и соработка со граѓаните, секое ветување ќе се претвори во реалност, кажа Неданоска.
Лидија Неданоска, како кандидат за советник вети дека гласот на граѓаните за советничката листа на СДСМ и Коалицијата под бројот 5 на овие избори ќе биде гласот на идниот Совет на Општина Охрид.