Skip to main content

Македонска православна црква – ОА Дебарско-кичевска епархија Охрид

Во недела ќе се одбележат 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид

По повод 730-годишнината од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид – еден од најзначајните и величествени средновековни сакрални објекти во Македонија – во недела, на 12 октомври 2025 година, во храмот ќе се отслужи света Божествена Литургија.
 |  инфодеск  | 

Од Дебарско-кичевска епархија Охрид по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, во недела на 12.10.2025 г. во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.

Од епархијата информираат дека покрај локалните свештеници од Охрид, во богослужението ќе земат учество и гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработна на Православниот богословски факултет во Белград прот. ст. Владимир Вукашиновиќ.