Во недела хуманитарниот евент „За посреќно детство“
Еден од најголемите хумантирани настани во годината, хуманитарната акција „За посреќно детство“ оваа недела во Охрид. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштад „Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди, информираше Сашо Точков – Претседател на О.О. „Црвен Крст Охрид“. Потенцира, дека во долгиот период во кој оваа хуманитарна акција се спроведува интересот и грижата на зедницата да помогне е голем.
„Имаме увид до оние брарања и потреби насочени кон Црвен Крст. Семејства кои бараат најразлична помош, а пред се за медицинска интервенција. За патување до Скопје, покривање на трошоците за операција. Голем е бројот за луѓе коишто имаат таква потреба и бараат таква помош. Ние стапуваме во контакт со дел од општествено одговорните компании од Охрид, од некои имаме позитивен одговор, од некои не“, – објасни Сашо Точков – Претседател на О.О. „Црвен Крст Охрид“.
Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца.Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 50 денари.
Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ е Стоматолошки Центар Д-р Баткоски кој и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за правилна грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.Д-р.Владимир Новаковски -Стоматолошки Центар Д-р Баткоски подвлече дека од центарот се подготвени да помогнат и за бесплатно тетирање на посериозни орални интервенции, кај дечинја од семејства кои не можат да си дозволат такви зафати. Додаде дека радува фактот, што од година во година свеста за важноста од оралното здравје кај најмладите е се повисока.
„Апсолутно, апсолутно, ние учествуваме во голем број хуманитарни акции така да од тој аспект сме секогаш тука да оговориме на било какво барање.„Би сакал да истакнам дека свеста за оралното здравје е доста подигната. Состојбата на забчињата е генерално добра. Можам да кажам дека помладите генерации, се повеќе се грижат за забите“, – кажува Д-р.Владимир Новаковски -Стоматолошки Центар Д-р Баткоски.
Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 50 денари.Секој кој ќе купи учеснички број ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини: фудбал, ракомет, тенис, шах, пикадо, возење велосипед, аеробик и друго, со што станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (четиридневен престој во Суботица, тридневен престој на Златибор, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.) кои ќе бидат извлекувани во живо во втората половина на октомври.Продажбата на учесничките броеви е веќе во тек.Мобилните тимови на волонтери на Црвен крст Охрид ќе бидат достапни со учесничките броеви на повеќе пунктови во градот, а учесничките броеви ќе можат да се набават и во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52.