Skip to main content

Од 10 до 14 август, Недела на млади во Младинскиот центар Охрид

Од 10 до 14 август Младинскиот центар Охрид организира богата програма по повод Меѓународниот ден на младите, со бесплатни активности наменети за сите млади.
 |  инфодеск  | 

Младинскиот центар Охрид, во соработка со Општина Охрид, од 10 до 14 август ќе ја организира манифестацијата „Недела на млади 2026“, која ќе понуди низа креативни, едукативни и забавни активности по повод Меѓународниот ден на младите.

Програмата започнува на 10 август со Летна школа за гитара, која ќе се одржува секој ден од 10:00 до 14:00 часот, како и Летна школа за Flipbook анимација од 10:00 до 12:00 часот во просториите на Младинскиот центар.

Истиот ден, со почеток во 19:00 часот, ќе биде организирано свечено отворање на манифестацијата, изложба, проекција на краткометражни филмови и дисеминација на младински проекти.

На 11 август, во 12:00 часот, ќе се одржи работилница за нови волонтери, наменета за сите млади кои сакаат да се вклучат во волонтерски активности и младински иницијативи.

Централниот настан ќе биде на 12 август, кога ќе се одбележи Меѓународниот ден на младите под мотото на Обединетите нации „Different Contexts, Common Aspirations“. Прославата ќе започне во 20:00 часот пред Paulaner, кај хотел „Палас“, а посетителите ќе можат да уживаат во музичка програма со диџеи, доделување награди, Youth Info Corner и дружење.

На 13 август, љубителите на рекреацијата ќе имаат можност да учествуваат на утринска јога покрај езерото со Емилија Колоска, која ќе започне во 8:00 часот на тревникот кај Cuba Libre.

Манифестацијата ќе заврши на 14 август со презентација на Flipbook анимациите во 19:00 часот, по што од 20:00 часот ќе следува „Game Night Fest & Closing“, со кој ќе биде заокружена овогодишната „Недела на млади“.

Организаторите ги покануваат сите млади да бидат дел од програмата и да се вклучат во активностите, кои се бесплатни и отворени за сите заинтересирани.

„Погледнете ја програмата и одберете ја активноста што најмногу ви се допаѓа – или едноставно придружете ни се на сите настани“, порачуваат од Младинскиот центар Охрид.