Skip to main content

Во недела во Св. Софија ќе се служи света архиерејска литургија по повод Благовештение на Пресвета Богородица

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.
 |  инфодеск  | 
Света Софија

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07. април 2024 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“.

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на претставници од Вселенската Патријаршија, Атинската Архиепископија и други архиереи од МПЦ-ОА.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.