Skip to main content

Григор прличев охрид

Неделна понуда на книги во Библиотеката

Градската библиотека за корисниците на нејзините услуги е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.
 |  инфодеск  | 
Книги

Во неделната понуда на нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доминираат книгите со мотивациска содржина сврзани со односот на човекот кон животот, работата, секојдневието и опкружувањето.

На пултот за издавање од денеска можете да ги побарате следните изданија: „Основно правило за успех“ од Дарен Харди, „Подарокот“ од Едит Егeр и „Ти си ѕвер“ од Џен Синсеро, трите во издание на Сакам книги.

Од истиот издавач ви го препорачуваме и романот „Присестра“ од Џенифер Донели. Во неделната понуда е и романот „Изгубената ќерка“ од Али Мерсер во издание на Книгохоличари. Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Библиотеката за корисниците на нејзините услуги е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.