Недостасуваат делови од скулптурата јагула
Недостасуваат делови од скулптурата јагула.
Украдени делови од скулптурата јагула. Претходно искршена, а сега парче по парче ја снемува. Изработена од уметникот Сергеј Цингулсоки ја подари на градот. Условот беше грижата за нејзиното одржување да биде на градските власти. Еднаш во годината да ја премачкаат со заштитна боја за подолго да трае. Најдолгата дрвена скулптура во светот со 172 метри должина беше прекрасно вклопена на простор кај плажаат Куба Либре.
Две години по незјиното поставување постојано е мета на оштетување на несовесни граѓани, вели авторот на делото Сергеј Цингулоски. Непријатно е изненаден од тоа што ја снемува и не знае што се случува со неа во моментов, но вели јасно му е дека никој не е заинтерсиран за одржување на ова уметничко дело и дека некој сака да ја уништи. Две години работел на нејзината изработка и жали што охридските хулигани ја уништуваат.
„Колку и да ја имам прежалено јагулата сепак има години работа во неа. Самата идеја вреди многу повеќе од поставката. Таа е влезена во аналите на уметноста и ќе се споменува и по 20 -30 години, ќе почне да се вреднува“, резигнирано вели авторот Цингулсоски.
Точно пред една година Цингулоски ја санира оштетената скулптура и ja врати во претходната состојба. Уметникот го изработи делото пред четири години за јубилејното 5 децениско издание на манифестацијата Охридско лето, а на просторот кај Куба Либре градот го постави пред три години. Прашање е на време кога ќе ја снема целата скулптура бидејќи никој не се грижи за нејзино одржување. За најдолгата скулптура немо ќе сведочи само поставениот постамент со податоци за настанувањето на ова уметничко дело кое полека исчезнува пред нашите очи.
{loadposition content9}