Skip to main content

Во близина на градското пристаниште

Неексплодирана бомба извадена од водите на Охридското езеро

Неексплодирана бомба која датира од Втората светска војна, безбедно е извадена од водите на Охриското езеро, во близина на Градското пристаниште.
 |  инфодеск  | 
Охрид пристаниште

На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна.

Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.