Skip to main content

Неексплодирана бомба пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на кеј Македонија

Бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување.
 |  инфодеск  | 
Кеј Македонија фото Ѓоко Симјаноски

На 28 август 2026 година, во 15:33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“, е пронајдена неексплодирана бомба.

– Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, информираа од СВР Охрид