Skip to main content

Продолжува негативниот тренд на природниот прираст на населението во Охрид

Во периодот јануари – март 2026 година во Охрид се родени 94 деца, додека починале 182 лица, меѓу кои и едно доенче. Со тоа, природниот прираст е негативен и изнесува -88, што значи дека бројот на починатите е речиси двојно поголем од бројот на новородените.
 |  инфодеск  | 

Продолжува негативниот тренд на природниот прираст на населението во Охрид, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика за првото тримесечје од 2026 година.

Во периодот јануари – март 2026 година во Охрид се родени 94 деца, додека починале 182 лица, меѓу кои и едно доенче. Со тоа, природниот прираст е негативен и изнесува -88, што значи дека бројот на починатите е речиси двојно поголем од бројот на новородените.

Во истиот период во Охрид се склучени 44 бракови, а регистрирани се и 20 разводи.

Негативниот демографски тренд е присутен и на национално ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2026 година во државата се родени 3.380 деца, што е намалување за 4,1 проценти во споредба со истиот период лани.

Бројот на починати лица изнесува 5.342, што претставува намалување од 1 процент во однос на првото тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број починати, девет се доенчиња.

На ниво на државата природниот прираст е негативен и изнесува -1.962, односно за толку бројот на починати лица е поголем од бројот на живородени деца.

Статистиката покажува дека негативен природен прираст е регистриран во дури 66 општини во државата.

Во првите три месеци од годинава се склучени 1.797 бракови, што е намалување за 2,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во меѓувреме, бројот на разводи бележи раст – регистрирани се 494 разведени бракови, односно 6,2 проценти повеќе во однос на лани.