Продолжува трендот на негативен природен прираст на населението во Охрид. Според податоците на Државниот завод за статистика природниот прираст во второто тримесечје од годинава е негативен и изнесува -67, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во статистичкиот период во Охрид на свет дошле 98 живородени деца, а починале 165 лица.
Во ова тримесечје од годината во Охрид се склучени 87 бракови, а регистрирани се 30 разводи на брак.
Во Струга во второто тримесечје природниот прираст е -1.
На ниво на Македонија природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во второто тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца е 3 741 и е намален за 4.2 %.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0.4 % во споредба со истиот период од 2024 година.