Skip to main content

Неиспочитувано решението за отстранување на поранешна летна тераса на угостителски објект

И покрај донесеното решение за отстранување од општинскиот инспекторат, сеуште е на истата локација.

 |  Мишел Наумоски  | 
de lago terasa

И покрај донесено решение од општинскиот инспекторат за отстранување на летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, дрвената конструкција сеуште стои на истата локација.

letna terasaПоминаа два месеци откако инспекторатот усно и писмено го известил сопственикот на објектот дека истиот треба сам да ја отстрани конструкцијата. Кога ТВМ претходно известуваше на оваа тема, на крајот од минатата година, од општинскиот инспекторат, преку Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа, бевме информирани дека доколку сопственикот на објектот не постапи по решението во законски предвидениот рок, за него ќе следува прекршочна пријава и ќе биле преземени соодветни законски мерки како надлежните служби би го спровеле отстранувањето на објектот.

letna terasa de lagoБарем досега не се остварило ниту првото, ниту второто сценарио, односно објектот сеуште е на истата локација, бесправно узупирајќи јавен простор со оглед на фактот дека сопственикот на истиот за минатата 2015та година не плаќал надомест за поставување на урбана опрема. Денес повторно се обративме до одделението за односи со јавност како би добиле одговор на прашањето кога надлежните ќе го спроведат отстранувањето на објектот, како и тоа дали биле поднесени прекршочните пријави кои инспекторатот ги најави на 18ти декември 2015та година. Поради работни обврски на надлежните од општинскиот инспекторат, до затворање на дневникот не добивме одговор на овие прашања.