Неизвесна судбината на охридските кајчари
Неизвесна судбината на охридските кајчари.
80 охридски кајчари се во неизвесност дали ќе останат без извор на егзистенција. За некои од нив возењето туристи сокјачињата по езеро е единствен приход за живеење, а за други надополнување на тенкиот семеен буџет. Кајчарите не сакаа да зборуваат пред камера, но кажуваат дека се непријатно изненадени од барањето на пазараната инспекција да се регистрираат како трговци поединци за да можат да возат со кајчињата. Револтирани се бидејќи, како што велат, уредно плаќале паушал во управата за јавни приходи, средства кој не се за занемарување. Додаваат дека се погодени од ова барање на Државниот пазарен инспекторат бидејќи тие работат месец до два во текот на годината ако дозволуваат временските услови, а не 12 месеци.
Кајчарите се повикуваат на Законот за туристичка дејност во член 51 став 3 со кој имаат право на возење чамец како физички лица. Но во истиот тој член стои и дека треба да се регистрирани како физички лица кај градоначалникот на општината. Кајчарите немаат здружение, но како друштво испратиле барање до Локалната самоуправа и охридксиот градоначалник за да им се дозволи да работат и почитување на таа одредба од Законот. Во спротивно велат ќе се уништи еден туристички бренд на градот. Туристите не ќе можат да уживата во убавината на езерото, а многу од нив ќе останат и без леб. Скоро сите субјекти, кои заработуваат со пловните објекти, се едногласни дека туристите според длабочината на својот џеб и желба го одбираат пловниот објект за разглед на езерото. Со разновидна поуда за разглед, како што има во моментов во Охрид, туристите сами одлучуваат дали по езерото ќе се возат со катамаран, брод или кајче.