Skip to main content

Неизвесно кога ќе се гради хотелскиот комплекс кај Горица

Неизвесно кога е се гради хотелскиот комплекс кај Горица   

 |  Валентина Неловска  | 

На ридот, над плажата Горица е мирно. Нема градежни зафати на тренот каде што беше највувана изградба на хотелски комплекс од висока луксузна категорија од брендот Small Luxury Hotels.

Во јули 2014 година на просторот кај Горица започнаа подготовки на теренот за градежни зафати. Просторот се огради, се исекоја иглолисни стебла и се постави табла со податоци за објектот. На таблата која е поставена стои одобрение за градба, типот на објектот како и податоци за инвеститорот.
Архитектите кои ТВМ ги консултира за прашањето во кој законски рок инвеститорот кој добил одобрение за градба треба да поче да гради и кога терба да заврши кажуваат дека според Законот за градба инвеститорот кој добил одобрение за градба мора да отпочне со градежните активности во рок од две години.
Инаку, на овој потег на 7000 мeтри квадратни беше најавувана изградба на луксузен хотел од групацијата Small Luxory Hotels. Лукузниот хотел кој требаше да биде најрепрезентативен на охридското крајбрежје треба да го гради домашнатa компанија Дивелоп груп. Според најавите хотелот треба да има 50 соби и 120 легла , а за вредноста на инвестицијата беше споменувана сума од 12 милиони евра. Хотелот треба да е дел од ланецот на хотелите Small Luxury hotels кој ги има во околу 70 земји во светото со вкупно 520 хотели.

Покрај овој хотелски комплекс беше најавувано дека луксузни хотели ќе се градат и на уште две локации на источното крајбрежје од езерото бидејќи на градот му недостасуваат хотели со 5 звездички. Три странски инвеститори покажувале интерес за вложување во хотелски објекти од висока категорија. Се споменуваа инвеститори од Катар, Русија и Украина.