Јп водовод охрид
Неколку часа без вода улицата Гоце Делчев
Денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, поради дефект на водоводната мрежа.
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф200 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до крстосницата со улицата „Бистрица”.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата.


