На 01.07.2022 година околу 01 часот на улицата „Спас Банџов” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.А. и К.К. врз Д.К.(39), сите од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.06.2022 година во 13:35 часот, Љ.Т.(48) од Охрид во полициска станица пријави дека на улицата „Сирма Војвода” во Охрид бил физички нападнат од Р.Б. од охридското село Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.06.2022 година околу 19:30 часот во деловен објект лоциран на улицата „7 ноември” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.Л.(39) врз Р.И.(19), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.