Неколку интервенции за извлекување на заглавени возила на превојот на Галичица
Од планинснката спасителна служба со апел до граѓаните, со возила да не го минуваат превојот на Галичица, односно строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација.
Од планинснката спасителна служба со апел до граѓаните, со возила да не го минуваат превојот на Галичица, односно строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација.
За само неколку дена од службата одговориле на два повици за извлекување на заглавени возила, од кои едното дури и со погон на 4 тркала. Поради последните врнежи од снег и специфичните температурни услови, во моментов владеат можеби најнеповолни услови за пробивање низ снежната покривка, која на места од коловозот надминува 60 цм, а има и доста поголеми навеви, објаснуваат од службата.
Планинската Спасителна Служба реагира на сите повици за помош, но укажуваат дека поради несовесноста на поединци кои свесно не се придржуваат до правилата и условите на патот, некој друг, кој во исто време би можел да има сериозна потреба за спасување, да не ја добие навреме, бидејќи тимовите на ПСС се ангажирани со извлекување на заглавени возила.