Skip to main content

Неколку нови инструменти за мерење на силни земјотреси поставија во Охрид

Неколку нови инструменти за мерење на силни земјотреси поставија во Охрид експерти од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија. Експертите смируваат велат дека нема место за паника, се очекува тлото на земјата да се смири за десеттина дена, а дека хотелите вдолж охридската ревиера се безбедни и туристите да не заминуваат од истите.

 |  Николоска Биљана  | 

Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија деновиве на неколку локации во Охрид постави инструменти за мерење силни земјотреси. Еден од нив е поставен на 9 катница во Охрид, во подрумот на објектот на општина Охрид и на уште неколку витални места во градот, пренесува директорот на ИЗИИС д-р Михаил Гаревски. Тој вели дека овие инструменти за нив како сеизмолози се драгоцени, во следење на земјотресите. Додеде дека од утре во нашиот град ќе престојуваат триесеттина експерти од нивниот институт кои ќе вршат увид на оштетените објекти.

„Јас очекувам не повеќе од една до две недели тлото комплетно да се смири, ако овај беше магнитуда пет. И можеби после еден месец два да имаат уште некоја послаба магнитуда, која што исто е резултат а овој земјтрес еден вид афтер шок. И повторно ќе кажам ова беше рој на земјотреси со не толку изразита варијација помеѓу главниот удар и овие 5-6 четворки

Гаревски смета дека охридските хотели се безбедни и дека нема потреба туристите поради земјотресите истите да ги напуштаат.

„Сите овие нови објекти, хотели на охридската ревиера, па и старите Инекс Горица што е на карпа, па и Метропол и Белви тоа се сигурни хотели и не би требало туристите да се плашат, мислам дека странците колку што слушнав од охриѓани помалку се плашат од земјотресите

Интересно е тоа што д-р Гаревски кажа дека за сите објекти кои што се градени после 2003 година во Македонија до 300 квадрати Институтот го контролира проектот а над 300 квадрати и проектот и изведбата, два пати излегувале на терен, со цел да контролираат дали изведбата се гради по проектот. Гаревски со сигурност тврди дека објектите кои се изградени после 2003 година се едни од најквалитетните во Европа.