Skip to main content

Магистрален пат охрид кичево

Неколку повредени во сообраќајка кај Песочан

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 07.07.2022 околу 14:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306″, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.

Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат”, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо”, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.