Skip to main content

Дефект на главна водоводна линија

Неколку улици во Охрид останаа без вода

Прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација ќе бидат потребни и неколку дена.
 |  инфодеск  | 
Дефект зграда

При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата „Асном”, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм.

Поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена.

Дефект зграда

Се известуваат корисниците од улиците: „Асном”, „Никола Карев”, „Галичица”, „Мирче Ацев”, „Карпош Војвода”, „Ванчо Питошески” и дел од Бул. „Туристичка“ дека прекини во водоснабдувањето ќе има и во наредните неколку дена, до целосно завршување со санацијата.