Нелојална конкуренција и недостиг на организиран откуп се само дел од предизвиците за охридските пчелари

Охридските пчелари се соочуваат се со поголеми предизвици. Климатските промени влијаат на намалување на приносот на мед од пчелните семејства, а и за она што ќе се собере нема пласман поради нелојална конклуренција од увоз на мед најчесто со лош квалитет, вели Наум Трпчески, претседател на Здружението на пчелари Охрид .

„Предизвиците со кои се соочуваме се се поголеми и поголеми. Се соочуваме со нелојална конкуреција на увозен мед, фалсификуван на пазарите и апелираме до инспекции да прават многу позачестени контроли. За жал, немаме организиран откуп на пчелни производи бидејќи се соочуваме со енормен увоз на евтин мед од сиромашни региони како што се Молдавија, Украина, Кина. Не сме конкуретни со цена за да можеме да извезуваме на странски пазари, а пласманот го правиме на пазарите, локалните маркети и слично. “ – вели Трпчески.

Болестите на пчелите се неодминлив дел од пчеларењето, но според Трпчески се појавиле и два нови паразити со кои ќе треба допрва охридските пчелари да научат како да се справуваат. Што се однесува до употребата на хемиски средства во овоштарството, соработката на пчеларите со овоштарите е добра во насока на спречување помор на пчелите од што штата нема само плечароттуку и овоштарот бидејќи излетничката пчела му е главен адут за опрашување на овошките. И покрај макотрпната работа и грижа за пчелните семејства, приносите од мед бележат тенденција на намалување.
„Фактот дека климатските промени си го земаа својот дел се соочуваме со намалени количини мед по пчелно семејство. Ако во 90-тите години енормно лоша година било кого ќе се извадело по 20 кг по пчелно семејство, ние денес со 10 кг сме можеби и задоволни на некој начин. Условите се далеку од идеални за одгледување пчелни, зависи од региони. Се трудиме со засадување на медоносни растенија, едуцирање на населението, подигнување на свеста да ја омасовуваме племенитоста на природата, а со тоа и придобивките од пчеларењето. “ – вели Трпчески.

Во охридско еден килограм природен мед достигнува цена од 600 до 700 ден. Пчеларите добиваат 600 денари годишна субвенција по пчелно семејство. На пчеларите во рурални подрачја како и за регистрирани за производство на примарни пчелни производи ги следува и додаток од 200 денари на пчелно семејство. Во регионот Охрид и Дебрца има околу 350 пчелари.