Skip to main content

Нема лични карти со адреса на живеење во Чекштина за тамошните жители

Нема лични карти со адреса на живеење во Чекштина за тамошните жители.

 |  Валентина Неловска  | 
cekostina

Жителите кои живеат во  охридската населба Чекоштина не можат да добијат лична карта со адреса на живеалиште во оваа населба. Напоменуваат дека имаат проблем со уличниот систем и не можат да извадат ваков документ. Со овој проблем  се соочуваат 50 -тина жители во Чекоштина, вели Ванчо Огненов еден  од жителите од оваа населба.


ce„Неможеме да ја добиеме вистинската адреса. Добиваме пошта на Чекоштина бб , а во  секторот за внатрешни работи одбиваат да примат промена на живеалиште бидејќи не постоела формално населба Чекоштина. Поштата ја добивам како населба Чекоштина ,а  ни се појавија и проблеми со радиодифузната такса. Не се  тие проблеми нерешливи  туку треба само добра волја и заинтресираност на надлежните“, смета Огененов.

Жителите до Локалната самоуправа испратиле и петиција со 50 потписи од жителите во Чекоштина за да им се реши овој проблем. Населбата нема месна заедница која би ги застапувала нивните интереси и барања до институциите. Тоа е затоа што треба да се формира катастарска општина, а КО за Чекоштина нема  и тоа треба да се промени. Институциите да направат таков зафат од Орман да преминат во посебна катастарска општина или пак во друга форма да се организира за да можат жителите да ги решаваат своите комунални проблеми, бараат жителите од ова населба.

cekostina„Детален урбанистички план нема за целиот простор. За  неурбазираниот дел е во план  да се урбанизира целиот простор до Црквата и до Мауцкер. Геодетски подлоги се земени, но тоа е скапо и не се продолжи со активностите во тој дел. Но, еден дел е урбанизиран со убаво изградени куќи“ , појаснува Огненов.

ТВМ се обиде да добие информации како може СВР Охрид и Локалната самоуправа да интервенираат за да им помогнат на  жителите во решавање на проблемот кој ги засега. Од СВР кусо информираа дека за добивање валидна лична карта е потребно меѓу документите кои  се поднесуваат до нивните служби да се достави  имотен лист со кој странките ќе докажат сопственост на местото каде живеат. На ова граѓаните велат дека тие поседуваат имотни листови, но надлежните треба да именуваат улица во населбата.
Од Локалната самоуправа пак, не одговорија на нашето прашање како ќе го решат  уличниот систем во Чекоштина.