Нема повредени туку само интервенции на напади на паника во серијата земјотреси во Охрид
Нема повредени туку само интервенции на напади на паника во серијата земјотреси во Охрид.
Во медицинските установи како последица од серијата земјотреси нема повредени граѓани туку само интервенции од панични напади од страв. Во охридската општа болница на хируршкото одделение не се евидентирани повреди како резулатат на земјотресите, информира д-р Димитар Арнаудов, раководител на хируршкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ Охрид.
„На нашето одделение нема хоспитализирани како што ми пренесоа моите колеги со здобиени повреди од земјотресите директно или индиректно од страв , паника или бегање. Во докуменацијата ни еден пациент о доние кои сме ги тертирале не се пожалил дека повредите се поврзани со земјотресите“, вели д-р Арнаудов.
Службата за итна медицинска помош во последните 3 дена со оглед на интензитетот и зачестеноста на серијата земјотреси имале полни раце работа, напоменува д-р Горан Симјаноски раководител на Службата за итна медицинска помош при Здравствен до .
„Во основа се работи за вознемирени лица со панични напади на страв. Интервенирано е во такви случаи или се донесувани во нашето одделение. Средствата за смирување да се користат умерено, а не да се направи прекумерна седација на организмот“, напоменува и предупредува д-р Симјаноски.
Д-р Горан Симјаноски повикува родителите да бидат присебни и смирени и да не предизвикуваат дополнителен стрес кај децата. Повикува граѓаните и да не го злоупотребуваат бројот 194 на медицинска брза помош за непотребни ситуациии.