Skip to main content

Нема траги на насилство на пронајденото безживотно тело

Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“. Минувачот го забележал безживотното тело во автомобилот по што веднаш ја алармирал охридската полиција.

svrПолицијата веднаш пристапила на местото заедно со јавен обвинител и го започнала увидот на местото на настанот.

Неофицијално се работи за машко лице на 45 годишна возраст и дека во неговиот автомобил е забележан и еден куршум.

По налог на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото.

Порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски во изјава за Охриднет рече дека врз безживотното машко тело нема траги на насилство.

Тој додаде дека увидот извршен од страна на јавен обвинител и полициска екипа, недвосмислено покажал дека врз безживотното тело немало елементи на насилен чин.