Skip to main content

Жителите од улицата „Прва Македонска бригада“ повторно без вода

Жителите од улицата Прва Македонска бригада мака мачат бидејќи немаат вода. За овој нивни проблем ТВМ веќе информираше пред дваесетина дена после што проблемот се реши. Нo не за долго. Дeнес повторно се обратија до нашата редакција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
pat
пат

 

Радоста на жителите од улицата „Прва македонска бригада“ траеше кратко. Само што се понадеваа дека и тие како и останатите граѓани конечно ќе имаат доволна количина вода за секојдневните потреби, оваа течност што живот значи, многу слабо или воопшто не течи низ нивните славини. Лилјана Богоевска, жител на оваа улица вели дека соседите се испокарале меѓу себе поради водата. Еден за да вклучи бојлер или да се капи другиот мора да нема воода, вели таа. Животот ни се претвори во кошмар, додава изреволтирано Богоеска.ziteli

Жителите од оваа улица кажуваат дека директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски, е добро запознаен со нивниот проблем.  Пред дваесетина дена и самиот дошол и се уверил на лице место. Екипите на „Проаква“ констатирале дека недостигот на вода се должи на дивите приклучоци и несовесните граѓани кои си ги наводнуваат своите градини. Стојче Ставрески, жител на оваа населба вели дека и да е така тие не се оние кои треба да го решат проблемот со дивите приклучоци. Бара службите да си превземат мерки за граѓаните да имаат вода.

Директорот на МЈП „Проаква“ после нашето јавување во кое му предочивме дека жителите од оваа населба повторно немаат вода со своја екипа уште еднаш излезе на терен. Тој и после денешната посета тврди дека капацитетот на водата е и повеќе од доволен и дека проблемот лежи во самите граѓани, односно нерационалното трошење на водата.

Старкоски вели дека во моментов се испорачуваат 500 литри вода во секунда. Тоа е и повеќе од доволно да ги задоволи потребите на охриѓани , но и на туристите. Директорот на Проаква додава дека проблем нема туку проблемите сами си ги создаваме.

{loadposition content9}