Нема застој при имунизацијата во охридскиот вакцинален пункт
Граѓаните кои се пријавиле на постоечкиот сајт не чекаат долго за закажување на термин за вакцина. Досега не се забележани несакани ефекти кај граѓаните од примените вакцини.
Во охридскиот вакцинален пункт тече без застој имунизацијата на граѓаните. Досега се вакцинирани преку 32.000 граѓани од регионот. Пријавените граѓани се имунизирале со различни вакцини како Синофарм, Синовак, Астра Зенека и Фајзер во зависност од испорачаните вакцини.
Граѓаните кои се пријавиле на постоечкиот сајт не чекаат долго за закажување на термин за вакцина.
Горан Балев, директорот на охрдската Општа болница, информира дека на закажаните термини луѓето не чекаат долго. Во моментов, граѓаните се имунизираат со вакцината на Синофарм. Досега не се забележани несакани ефекти кај граѓаните од приемените вакцини и се се одвива во најдобар ред. За граѓаните, пак, кои чекаат термин за вакцинирање појаснува дека тоа зависи од возраста, хроничните болести и целните групи.
„Досега не беше голем застој, немаше прекин во процесот на вакцинација. Како добивавме вакцини така и вакциниравме. Наједноставен начин и цело време апелираме да се пријавуваат граѓаните преку сајтот вакцинација.мк Тоа е наједноставниот начин“.
Во охридската Општа болница во ковид центарот на лекување се наоѓаат 5 пациенти. За среќа, е намален притисокот на позитивни ковид пациенти кои се на болничко лекување.