Нема зима за охридскиот Центар за култура
Електричната енергија рационално се користи во охридскиот Центар за култура. Редовно се одвиваат претставите на театарскиот репертоар и проекции на филмови. Навечер се гасат рекламните паноа, а преку ден се штеди струја според сите владини препораки за заштеда на електричната енергија во оваа енергетска криза , вели Горан Симоноски, директорот на НУ ЦК Григор Прличев. Додава дека во прилог на заштедата на електричната енергија им оди и топлото време.
„Времето ни е наклонето и нема сеуште греење. Кога ќе треба ќе го користиме.Но, термо печките ќе ги исклучиме. Размислуваме вработените да се вклопат во една канцеларија за да заштедиме струја. Функционираат и фолклорот и градскиот хор па кога ќе залади ќе ги употребиме климите за да обезбедиме пријатна атмсофера за да функционираат“.
Симоноски, вели дека е задоволен како се одвиваат културните збиднувања во НУ ЦК Григор Прличев. Со претставата „Секс, лаги и љубомора“ предизвикуваат се поголема посетеност од публиката и со месеци ја полнат салата. За претставата се бара билет повеќе. Имаме добра понуда за луѓето во овој кризен период за да се разведрат и насмеат, а нема да мрзнат, напоменува Симоноски.
„Ние салата ја затоплуваме со нафта бидејќи парното греење ни е на нафта. Обезбедени сме со нафта за затоплување , имаме залиха од лани и годинава. Ги почитуваме владините мерки за греење и ладење со пропишаните степени, во зима и лето. Мислам дека ќе ја пребродиме најавената енергетска криза и ќе може публиката да ужива во нашите проекти“, вели Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Глигор Прличев.
Покрај, театарските проекти во ЦК има и други бројни културни случувања. Во рамките на центарот работат фолклорниот ансамбл Бисери, детското балетско студио и градскиот хор. Симоноски ја најавува работата и со детското драмско студио, за кое има голем интерес, а ќе го водат режисерите и драматурзите од охридскиот народен театар. Исто така, Симоноски ги најавува и преговорите за гостување на театри од земјава и странство во Охрид. Од филмски проекции, најнова е црната комедија „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Новиот филм на Манчевски „Кајмак“ влезе во официјална конкуренција за награди на престижниот филмски фестивал во Токио, а светската премиера се случува од 24 октомври до 2 ноември годинава.