Skip to main content

Немањето правен статус според месните заедници најголема сопирачка на руралниот развој

Заеднички став и на претставниците од секторот за ТЛЕР и на претставниците од месните заедници на охридските села е дека руралните средини во охридско се на различен степен од економскиот развој.

 |  Мишел Наумоски  | 
Recica
Речица

Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини.

galicicaЗаеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа на еден законски недостаток. Тие рекоа дека немањето на извршни ингеренции како месна заедница, во голема мера ги спречува во спроведување на проекти, прибирање на донации и било каков зафат кој би помогнал во насока на руралниот развој. Со тоа се сложуваат и од Секторот за ТЛЕР.

valajci„Тука се работи за национална регулатива, тоа е до законодавството. Беше споменат проблемот за програмите од националната агенција за рурален развој во кој како апликант во досегашната фаза се појавуваат единиците на локалната самоуправа, а не месните заедници од руралните делови. Сепак се работи за една национална регулатива која што понатаму исто треба да се усогласи со европската, токму и ние го правиме ова и анализираме исто и искуства од европските земји членови на ЕУ, така да во таа фаза секако дека постојат иницијативи за решавање не само на локално ниво, туку и во рамки на легислативата.“-рече Антонио Балевски од Секторот за ТЛЕР.

Што се однесува до стратегијата, она што денес ќе биде утврдено како развоен приоритет, ќе стане најзначаен дел од стратегијата која понатака треба да добие амин и од советот на општина Охрид со што ќе стане официјален развоен документ.

turizam„Следуваат проекти кои што ќе бидат поврзани, ќе се повикуваат на овие приоритети кои што ќе бидат утврдени. Заради тоа е важна оваа финална работилница во идниот развој, тоа е организирана форма во која ние сакаме не како досега, стихијно и поединечно да решаваме работи, туку ние како општина, во организирана форма преку изготвување на еден стратешки документ да можеме да влијаеме на искористување на сите потенцијали од нашата општина. Во понатамошната фаза следуваат проекто кои ќе стимулираат соодветни претставници, месни заедници и советит, меѓутоа исто така ќе треба да се води сметка и во рамките на изготвувањето на буџетот на општина Охрид да се предвидат одредени средства за оваа намена.“-вели Балевски.

Помеѓу приоритетите кои денес беа предложени на оваа финална работилница меѓу другото се и враќањето на правниот статус на месните заедници, нова и подобрување на старата инфраструктура во руралните области, изработка на планска и просторна документација во областите каде што ја нема, изградба на нови градби во селата во традиционален стил и со традиционални материјали. Во моментот, овие приоритети се сеуште само предлог кој ќе трпи понатамошна проценка. Инаку досега во рамките на процесот на изготвување на оваа стратегија за рурален развој беа одржани три други работилници со претставниците од крајбрежните, планинските и низинските рурални места од охридско.

{loadposition content9}