Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа
Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа тема на денешната пресс конференција на ОК НА ВМРО ДПМНЕ. Наведени беа конкретни примери каде има појава на непотизам
Од Општинскиот комитет на ВМРО Охрид на денешната пресс конференција уште еднаш потсетија на непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа. Тие посочија и неколку примери започнувајќи со братот на Градоначалникот. Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече:
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки која што требаше да спроведе постапка за улично осветлување во градот Охрид. Оваа постапка за назначување на братот на градоначалникот за претседател на комисијата за јавна набавка беше спречена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ Охрид со иницијатива до Антикорупциската комисија.
Митровиќ посочи дека најголем дел од тендерите кои одат преку Локалната самоуправа за патнички превоз ги добива компанијата „ПУПЕ компани“ која што е во сопственост на близок роднина на Бранко Црвенковски. Портпаролот рече дека најнов пример за непотизам е фамилијата Рилковски.
„Синот Наум Рилковски е директор на Охридската Гимназија,Таткото Никола Рилковски има висока функција во Јавното претпријатие Комуналец и е поранешен пратеник на СДСМ ,Зетот Боро Шаин е директор на Јавното претпријатие Билјани извори кое што пак деновиве е актуелно со скандалот за издавање под концесија на паркинзите во градот Охрид. Од друга страна прашуваме, дали и помалиот син на Никола Рилковски е вработен во општина Охрид, рече Митровиќ.
„Ова се само дел од примерите кои укажуваат дека во Охрид покрај сомнителното финансиско работење на општината за што сведочат извештаите на Државниот завод за ревизија се почесто се случува и практикува непотизам во високите структури на СДСМ Охрид во услови кога Јавните претпријатија имаат проблем со својата ликвидност и не можат да исплатат плата на вработените, а општината должи над 15 милиони евра“, потенцира портпаролот на општинската ВМРО, Митровиќ.
{loadposition content9}