Неповолна година за охридските пчелари
Неповолна година за охридските пчелари.
Променливите временски услови годинава неповолно се одразија врз пчеларството во нашиот регион. Богоја Петровски е пчелар со 20 годишно искуство и оваа година ја отценува како една од послабите. Резултатите од пчеларството зависат од вложениот труд на пчеларот, оној кој вложува повеќе труд добива и подобри резулатати. Пчеларите кои ги носат сандаците на паша поминуваат подобро од они кои сандациите ги имаат стационарано на едно место. За нив времето не беше наклонето па и приходите ќе бидат во насока на покривање на трошоците, нагласува Петровски. Појаснува дека еден од поважните фактори се и климатските промени кои имаа негативен одраз врз пчеларството.
„ Годината беше непогодна затоа што во периодот на развој имаше врнежи и пчелите не можеа да функционираат и да обезбедат поле за развој. Потоа настана сушен период. Пчелите не сакаат многу суша ни дожд“.
Петровски нема одговор дали ваквите прилики во пчеларството ќе влијаат врз покачување на цената на медот. Тегла мед сега во нашиот регион се продава по 300 денари. Во други градови од земјава тегла природен мед чини до 450 денари, вели Петровски. Но, платежната способност на граѓаните и немањето навики од конзумирање на мед ги ставаат во неизвесност пчеларите по ова прашање иако многу од нив ќе бидат на работ на рентабилност. Покрај лошите временски услови пчеларите во последно време се соочуваат и со се повеќе болести кај пчелните заедници. Пчеларите неможат да се пофалат за соработка со втеринарите, а повеќето од нив се немоќни да ги спречат болестите кај пчелите.
„ Во последно време се шират и доста болести кои ги напаѓаат пчелите. Најголеми штети прават крлежот или вароата, а се јавува и американската чума. Сите тие придонесуваат за угинување на пчелите и за слабеење на пчеларството“.
Пчеларството не е тешка, но е одговорна професија, напоменува Петсровски. Укажува дека младите луѓе не се заинтерсирани за одгледување на пчели и покрај субвенциите кои ги дава државата. Услов за субвенција е пчеларот да има над 35 пчелни семјства, а се добиваат по 600 денари по сандак. Покрај тоа што пчеларите немаат соработка со ветеринарите тие се помалку соработувааи и меѓу себе. Здружението на пчелари не функционира, а за организиран пласман и откуп на медот и понатака никој не се интресира, укажува Петровски на актуелните состојби во пчеларството.
{loadpоsition content9}